Поранешниот освојувач на Премиер Лигата со екипата на Блекбурн и најдобриот стрелец во историјата на најдобрата англиска дивизија, Алан Ширер, импресиониран е од младата сензација на Манчестер Јунајтед и верува дека во иднина тој ќе биде главна ѕвезда во англиската репрезентација.
Со само 18 години, Мејсон Гринвуд успеа да се пробие во поширокиот состав на Манчестер Јунајтед сезона, а подоцна да стане и регуларен првотимец. Гринвуд сезонава во сите конкуренции има постигнато дури 15 голови, а со оглед на неговата и формата на неговиот тим, бројката може да ја надмине и цифрата од 20 голови.
-Се радувам од тоа што го гледам од него. Тој покажува каков природен финишер е и да не заборавиме, има само 18 години. Може да погоди и со лева и со десна нога, подеднакво квалитетно. Всушност е ме потсеќа во некои сегменти на мене. Ако продолжи вака, имаме светска ѕвезда во годините кои ни претстојат, „вајлдкарта“ на англискиот фудбал, изјави Алан Ширер за „The Sun“.
Мејсон Гринвуд во последниот меч во Премиер Лигата постигна два погодоци против Борнмут, во победата на Јунајтед со 5:2.