Поради големиот број на пациенти, белградската „Старк арена“ повторно беше претворена во привремена Ковид-19 болница. Оваа привремена болница може да прими дури 500 пациенти, а првите се очекуваат денес попладне. Пациентите со лесна до умерена клиничка слика ќе бидат сместени тука.
Граѓаните многу спомени ги поврзуваа со Арена, каде се одржуваат многу концерти на пзонати домашни и странски ѕвезди. Ова им беше омилено место за сликање, за разлика од сега кога никој од страв не сака да гледа слика од Арена.