Министерот за здравство Венко Филипче, на новинарско прашање за тоа дали се размислува за некакви мерки на границите за влез на граѓани од други земји со оглед на тоа што бројот на заразени конкретно во соседна Србија се зголемува, министерпт рече дека интензивно се разгледуваат информации и ситуации и било разговарано викендов, но и утрово на Комисијата за заразни болести и со епидемиолози во Центрите за јавно здравје во повеќе градови во јужниот дел на Србија и чекаат само уште некои дополнителни информации.
„Апсолутно е можно овие денови да препорачаме некои мерки доколку утврдиме дека ризикот од влез на граѓани на овие околни земји може да го загрози нашиот систем. Денеска ја продолжуваме дискусијата, најверојатно и во текот на утрешниот ден. За време на викендот немаше некоја индикација за некоја голема опаснос но пак ќе кажам чекаме информации од повеќе градови и од Косово и од Србија“, изјави Филипче.