Многу е важно е да се спроведат епидемиолошките анкети и на тој начин да се добијат податоци од контактите, вели министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање за згоелмениот број на позитивни случаи со Ковид 19 во Штип и дека таму неконтролирано се шири вирусот, односно нема познати кластери.
„Имаме таква ситуација во Скопје кога новите случаи не се поврзани со претходно познатите кластери, но и ги даваат контактите но и со такви се соочивме што не ги даваат точните податоци. Со овој ситем на интензивно барање на контактите и нивно контактирање од страна на Центарот за јавно здравје од Скопје и од другите градови се стигнува до бараните информации. Има механизам. Со прашалникот, дури и да не е познат кластерот секако дека тогаш работата е потешка но и на овој начин епидемиолозите постигнуваат да ги стават сите во изолација“, вели Филипче.