Над 30.000 проститутки во град каде е забранет секс пред брак,бакнување и држење за рака- Темната страна на Дубаи – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/20 10:30 AM

Над 30.000 проститутки во град каде е забранет секс пред брак,бакнување и држење за рака- Темната страна на Дубаи

Многу луѓе ќе ви кажат дека Дубаи е највозбудливиот град во светот со сиот свој луксуз, но има и темна страна за која малкумина слушнале.

Работниците работат 14 часа на ден на температура од 40 степени Целзиусови- Дубаи расте со неверојатна стапка … Иако локалните влијателни луѓе можат да го имаат целото богатство на овој свет, сепак им треба стара и „нормална“ работна сила за да ги градат работите толку брзо. Најголем проблем е што силните луѓе мислат дека работниците не треба да се третираат како другите жители на Дубаи, па повеќето од нив живеат во ужасни услови и се во опасност секој ден.

Затвор за бакнување на јавно место- Поголемиот дел од населението во Дубаи е муслиманско, што значи дека строго се следат правилата, особено оние од интимност. Сите убави фотографии што ги гледаме на Инстаграм, се само „оптичка илузија“ дека Дубаи е либерално место, затоа што ваквото однесување е најголемата грешка што може да ја направиш додека престојуваш во главниот град на ОАЕ. Бакнувањето не само што е забрането, но нелегално е да се држат за рака на јавно место, а туристите кои го кршат ова правило плаќаат огромни казни, па дури и се соочуваат со затвор.

Трговија со луѓе- Иако законите се строги кога станува збор за алкохол, дрога и секс, правилата не се применуваат секогаш. Најстарата професија во светот „напредува“ во Дубаи – има над 30.000 проститутки кои отворено го покажуваат своето месо и наплаќаат по 500 долари на час.  Најголем проблем е што богатите исто така тргуваат со луѓе …

Фрлаат огромна количина вода за пиење- Бидејќи се наоѓа во пустината, Дубаи мора да увезува вода. Сепак, овде пиењето вода многу се расфрла и никој не гледа проблем во ова. На пример, има голем број на терени за голф кои користат околу 15 милиони литри вода дневно за да ја задржат тревата зелена.

Дивите животни таму не се диви- Богатите во Дубаи имаат толку многу пари што не знаат на што да ги трошат. Некои купуваат златни автомобили, други пливаат во млеко, но последниот тренд е да се купат егзотични диви животни како миленичиња. Очигледно, шеиците повеќе не уживаат во кучиња и мачки, па затоа купуваат тигри, пантери, лавови и слично. Тие исто така плаќаат тренери кои ги злоупотребуваат животните за да ги скротат, така што нивните сопственици можат да бидат сигурни дека еден ден нема да бидат нападнати.