Вчера во 18,30 часот во СВР Скопје, 54 годишен маж од Скопје пријавил дека во с.Говрлево додека ги напасувал неговите овци забележал како три овци движејќи се покрај патот паднале и при обид да ги извлече се здобил со мал стурен удар без последици, при што пријавителот забележал бакарна гола жица закачена на бандера за струја во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.Т.(58) од Скопје. Од екипа од ЕВН било констатирано дека е извршена кражба на електрична енергија и дека голата бакарна жица била под напон од електрична енергија, по што електричната енергија била исклучена, а документирана кражба на електрична енергија.
Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од СВР Скопје во текот на денешниот ден.