Сафет Бишевац позитивен на КОВИД-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 2:59 PM

Сафет Бишевац позитивен на КОВИД-19

Кандидатот за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац денеска на својот фејсбук профил соопшти дека е позитивен на КОВИД-19.

-Почитувани пријатели, тестирањето покажа дека сум позитивен на КОВИД-19. За жал, нештат понекогаш се случуваат и покрај макесималното можно почитување на препораките за заштита, наведува Бишевац.

Тој додава и дека засега се чувствува одлично, како и дека нема никаков проблем, но заедно со семејството во наредниот период ќе остане во изолација и ќе биде под надзор на матичниот лекар.

МИА