Лажни боледувања на лекарите и сестрите во Нови Пазар, сите ќе добијат откази – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/20 1:41 PM

Лажни боледувања на лекарите и сестрите во Нови Пазар, сите ќе добијат откази

Координаторот на Општата болница во Нови Пазар, Мирсад Шерлек, изјави денеска дека ќе биде разгледана документацијата на близу 70 лекари и медицински сестри кои биле на боледување во последно време.

„Јас лично ќе ги испитам и гарантирам дека сите што немаат валидна документација за боледување ќе добијат отказ“, рече Шерлек.

Тој оцени дека е „срам“ што лекарите и техничарите од другите градови во Србија и Босна и Херцеговина дошле да им помогнат на граѓаните на Нови Пазар и дека Армијата испратила свој персонал, додека некои користеле лажно боледување за да избегнат ризик од коронавирус.

Во претходните 24 часа починаа уште двајца пациенти од последиците од инфекција со коронавирусот во болницата „Нови Пазар“ , рече Мирсад  Шерлек, како што објави Радио Сто плус.

„Во истиот период примивме уште 13 пациенти,  вкупниот број во моментов е 209. Имаме 10 полни кревети во респираторната единица, од кои три се приклучени на апарати“, рече  Шерлек.

Според неговата проценка, иако ситуацијата е далеку од добра, таа полека се стабилизира, бидејќи болницата изминативе денови добила помош од колеги од други болници и од српската армија.

„Сега имаме на располагање дополнителни 27 цивилни и 45 воени лекари и техничари. Очекувам дека до крајот на денот воената полска болница ќе започне да ги прифаќа првите пациенти“, рече Шерлек.

Извор: n1info.com