Падна француската Влада, премиерот Едуард Филип поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 9:57 AM

Падна француската Влада, премиерот Едуард Филип поднесе оставка

Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка од функцијата. Со тоа официјално падна француската влада.

Сепак, Филип ќе раководи со владините работи, се’ додека не биде именуван нов кабинет. Има најави дека нов премиер би можело да има уште денес.

За оставката на Филип се шпекулираше подолго време, особено по изјавата на претседателот Емануел Макрон дека сака да го „врати претседателството“.