Сексуалните фантазии говорат многу за личноста во чија глава се создаваат, но и за нејзините односи. Сексот може да биде исклучително искуство ак се случува помеѓу двајца кои се сакаат и посакуваат, но што ако не е така?
Во мојата работа се среќавам со луѓе кои се борат со сексуална компулсивност, така што во не чувствуваат поврзаност за време за сексуалниот однос – вели за Psychology Today, психотерапевтот Сем Луи кој е специјалист за проблеми од областа на сексуалноста.
Во основа, сексот претставува телесен чин меѓу две личности, но изненадува фактот дека и кај долгогодишните парови може да постои сексуален однос без интимност, односно блискост. Често се случува еден од партнерите да се оддалечи емоционално.
Дали оргазмот е неизоставен дел од добриот секс?
Причините за емоционалното оддалечување може да бидат надворешни како лекови, алкохол или дрога, но може да бидат поврзани и со порнографијата, или пак со сексуалните фантазии. Поради ова, луѓето добиваат навика да мечтаат за други за време на сексуалниот однос. Многумина би рекле дека сексуалното фантазирање може да ја врати страста во врската, но Луи го тврди спротивното повикувајќи се на искуството од работата со неговите пациенти.
Она што го забележав низ годините е дека во врските со текот на времето може да се појави оладување на односите, дури и кај партнерите што имаат добар сексуален однос – предупредува Луи, кој одговара и на прашањето поради што доаѓа до ваквиот парадокс?
Кога фантазирате за друга личност во текот на сексуалниот однос, фантазијата станува реалност. Со други зборови – повеќе не сте поврзани со партнерот или партнерката, туку со својата фантазија. Сексуалната желба, страста и интензитетот може да бидат јаки, но емоционалната и духовната поврзаност исчезнуваат. Ако се случи тоа, тогаш постои опаснос дека вашиот однос е на „стаклени нозе“ – предупредува психотерапевтот додавајќи дека врските треба да напредуваат пред се’ на духовно ниво, а не на сексуално.
Текст: rtl.hr