Не можете да заспиете поради високите температури? Постојат трикови кои може да ви помогнат! – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 7:53 PM

Не можете да заспиете поради високите температури? Постојат трикови кои може да ви помогнат!

Превртувањето и потењето в кревет може да се претвори во вистинска ноќна мора, поради што важно е да знаете некои трикови кои во таквите моменти би можеле да бидт исклучително корисни. Иако летото за многумина важи за омилено годишно време, тоа со себе носи и некои не толку убави работи, како што се високите температури кои може да го отежнат „потонувањето“ во сон, додека клима уредот не е решение бидејќи лошо може да се одрази на здравјето.

Во продолжение дознајте кои се триковите кои може да ви помогнат да се справите со ваквиот проблем.

Квалитетна постелнина

За почеток, за да ви биде спиењето поудобно обрнете внимание на постелнината. Избегнувајте вештачки материјали и одберете памучна постелнина, која ќе ја менувате барем еднаш неделно.

Студен туш пред спиење

За да си легнете свежи, најдобро е да се истуширате пред спиење. Користете студена или млака вода, затоа што тоа ќе ве подготви за добар сон.

Хидратација

Внесувањето на доволно течности во организмот е важно во текот на целата година, но тоа е уште поважно за време на летните месеци. Обидете се во текот на денот да пиете доволно количество вода, бидејќи тоа ќе ви помогне во одржувањето на оптималната температура. Добро е покрај креветот да имате и чаша вода, со што ќе се освежите доколку почувствувате жед откако веќе сте легнале.

Избегнувајте тешка храна

Тешката и зачинета храна ја зголемува температурата на самото тело, па затоа треба да ја одбегнувате во жешките денови. За вечера на пример, може да одберете некое овошје или зеленчук, но исто така, избегнувајте да јадете барем еден час пред да заминете на спиење.

Во текот на денот затворете ги прозорците

Иако навидум звучи нелогично да се затворат прозорците во текот на денот, тоа сепак не е бесмислено, затоа што на овој начин топлината навлегува во просторијата и таа станува загушлива. Најдобро е прозорците да ги отворате рано наутро и навечер, кога воздухот е посвеж. Кога температурата е висока затворете ги прозорците и спуштете ги ролетните за да може температурата во собата да остане што пониска.

Избегнувајте алкохолни пијалоци

Со оглед на тоа дека алкохолот предизвикува дехидратација на организмот, добро е да го избегнувате за време на летните денови и да пиете само обична вода, или пак да се разладите со овошни сокови на природна база, полни со витамини и минерали.

 

Фото: Depositphotos

Текст: zena.rtl.hr