Макпрогрес со македонските брендови и во време на корона на 50 пазари во светот – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/20 8:00 AM

Макпрогрес со македонските брендови и во време на корона на 50 пазари во светот

Макпрогрес е успешна семејна компанија формирана 1990 со 100% приватен капитал која во своето 30 годишно постоење преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст стана една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија.

Во производното портфолио Макпрогрес има преку 350 најразновидни прехранбени кои се пласираат под 6 главни брендови Винчини, Дониа, Натура, Армониа, Фантазија и Сончева долина и педесетина суб-брендови.

Со  700 вработени во  корпорација Макпрогрес остварува производство од 15.000 тони од кои 80% за извоз, 20% домашен пазар.

Макпрогрес е силно извозно ориентирана компанија со редовно присуство на пазарите во над 50 држави ширум светот. Макпрогрес со брендот Винчинни е своевиден пионер – aмбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки.

Факти за Макпрогрес:

  • 6 фабрики на 3 локации во Виница, Прилеп и Скопје и 13  линии за производство на кондиторски производи и една линија за земјоделски зрнести производи;
  • синџир на маркети на територија на општина Виница;
  • учество на најзначајните светски саеми од прехрамбената индустрија;
  • добитник на награда за општестествено одговорна компанија во областа на екологијата и во областа на односи со вработените, добитник на награда за најголем извозник….
  • работи според сите светски стандарди за квалитет и безбедност на храната: ISO, HACCP, IFS и BRS стандардите, во имплементација на EMAS стандардот за екологија
  • 30 милиони евра годишно приходи

Сопственик на 6 успешни брендови за кондиторски производи

 Винчини – Винчини е бренд за интернационални кондиторки производи. Асортиманот на Винчини вклучува разновидни високо квалитетни слатки закуски, тортички и колачи за целото семејство. Винчини е успешен бренд во повеќе од 55 земји, познат по големиот асортиман, иновативни нови лансирања и стандарден квалитет. Производството на кондиторски производи под брендот Винчини е стратешки основна дејност на компанијата Макпрогрес

Армониа – Aсортиманот на Армониа го сочинуваат солени грицки, крцкави крекери и переци произведени по најнова светска технологија и со избалансирани нутритивни вредности. Направени по проверен рецепт, Aрмониа грицките ќе ве однесат во поинаков свет – свет полн со забавa. Уживање и задоволство во секој момент и за сите генерации е нашата определба која не води и која ни дава мотив за подобрување и унапредување. Да се произведе производ кој во себе ќе има душа, карактер, производ кој е способен да креира нови светови и пријателства е наше задоволство.

Сончева долина – Со преработка, обработка и доработка на житни зрнести култури се добиваат најразлични зрнести и прашкасти производи кои претставуваат дел од брендот Сончева Долина. Над 250 сончеви денови во годината, специфичната микро клима која е погодна за производство на ориз, грав, пченка и други земјоделски производи прават кочанско-виничкото поле со право да се нарече Сончева Долина.

Дониа – Дониа е кондиторска компанија основана во 2001 година со седиште во Прилеп. Компанијата е специјализирана за производство на висококвалитетни традиционални деликатеси како алва, локум како и Bakehouse домашни колачиња. Задоволство и уметност во уживањето на традиционални производи со препознатлив квалитет.

Фантазија – Fantasia нуди избор на полуготови смеси за подготовка на десерти и солени деликатеси, додатоци и декорации за десерти. Производите се подготвени според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат.

Натура – Натура е создадена од баланс на квалитетни, природни и внимателно избрани состојки, традиција и најсовремена технологија со цел да му понуди на современиот потрошувач избрани прехранбени производи во согласност со новите потреби за енергија и здрава исхрана. Овој бренд нуди здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот.

Во Макпрогрес на прашањето зошто треба да се конзумираат нивните производи, имаат едноставен одговор: „Нашите производи се купувани од потрошувачите затоа што имаат value for money, односно за цената која ја плаќате го добивате врвниот квалитет на производот“.

Додаваат дека нивните производи се за широка потрошувачка и имаат многу широк и разновиден асортиман за сечиј вкус и за сечие семејство. Од храна за појадок мусли, корнфлекс,житарки,па ручек, ориз, грав, леќа и вечера како и благо за ужинка и родендени и прослави, благо кое може да се консумира без „трошка вина“.

Од почетокот на појавата на корона вирусот како опасност за здравјето во Макпрогрес се преземени низа активности за превенција на вработените, но воедно и да ја одржат економската активност и да ги задоволат барањата на потрошувачите ширум светот.

Хронолошки мерките досега се воведувани во четири фази на четири нивоа  од кои последното највисоко ниво во поголем дел се’ уште е во важност.

Од економскиот аспект иако е се’ уште рано да се видат крајните последици и финалниот цех на здравствено економската криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот, штетите кои се настанати се повеќе од евидентни.

Како што кризата се развиваше во нашата земја со вонредните мерки и ограничувањата на движење со истите предизвици се соочуваа и земјите во регионов, во Европа и ширум светот. Предизвиците со кои се соочува Макпрогрес на извозните пазари се слични со тие и кај нас, од целосен карантин во Италија до сериозни карантини и ограничување на движењето во скоро сите земји на регионов и на Европа, затворање на училиштата, затворање на хорека секторот, а сето тоа допринесе до намалување на побарувачката и од извозните пазари. Најпрвин Италија целосно ги откажа нарачките поради затворање на границите и на компаниите. Понатаму се затворија границите на Словенија, Хрватска и други земји па неколку дена имавме компанијата имаше застој поради неможност да ги испорача нарачките.

-Добро е што нашата влада, но и владите на државите во регионот и во Европа му дадоа приоритет на патувањето на стоките па застојот се мереше во денови што на некој начин помогна да штетите се намалат. Рестрикциите допринесоа да потрошувачите ги сменат своите приоритети и начини за купување, во некои случаи и панично се купуваа залихи на основна храна но и во некои држави имаа ограничена можност и време да посетат супермаркет што дополнително влијаеше врз потрошувачката, сметаат од Макпрогрес.

Засега Макпрогрес евидентира добар прв квартал со мал пораст, но значително намалено производство и продажба во месеците април и мај, додека има енормно зголемени трошоци за заштитни средства и опрема, плати и придонеси на вработени кои не се на работа поради затворање на некои објекти но и на бремените жени, мајки на деца до десет години и хронично болни, зголемените трошоци за превоз на вработените, зголемени трошоци за транспорт во странство итн.

Пораката од Макпрогрес е дека борбата со справување со последиците од вирусот ќе продолжи да се води на повеќе нивоа во општеството.

-Сега е моментот кога сите ние мора да бидеме повеќе солидарни и повеќе општествено одговорни. Како една од поголемите и поуспешните компании ја следиме ситуацијата и во рамки на можностите срдечно помагаме секаде каде што сме во можност. Досега финансиски дониравме средства на Министерство за здравство за набавка на опрема за инфективните клиники и на ЈЗУ. Одлучивме да помогнеме и со тоа што да не побаруваме државна помош за исплата на плати за вработените кои не се на работа, велат од Макпрогрес.

Прехранбената индустрија а посебно извозно ориентираната ќе помине полесно, земајки предвид дека тука спаѓаат основните потреби на граѓаните е ставот на менаџментот на Макпрогрес. Но ситуацијата е се’ уште неизвесна и непредвидлива, па како ќе се одвива така ќе се одвива прилагодувањето. Затоа, и во вакви услови, продолжува напорната работа,  со цел одржување на економската активност, да се задоволуволат потребите на потрошувачите на сите пазари каде што работиме компанијата,  а воедно заштитувајки го здравјето на вработените, клиенти и добавувачи и секако со активно помагамагање и придонес во заедницата.

 

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.