Ниту еден граѓанин на реагирал на неправилност во електронската трговија – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/20 6:58 PM

Ниту еден граѓанин на реагирал на неправилност во електронската трговија

Анализа на работењето на Државниот пазарен инспекторат

Иако бројот на потрошувачи кои користат електронска трговија бележи нагорен тренд на национално ниво, истото не се манифестира во бројот на поднесени пријави по овој основ во ДПИ (ниедна поднесена пријава во 2018 и 2019 г.). Тоа води кон заклучокот дека постои можност дека граѓаните не се запознаени со овој механизам на заштита на правата, поражува анализата на Институот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ). Сепак најголем број пријави се однесуваат за областа која се однесува на примената на Законот за заштита на потрошувачи и Законот за угостителска дејност. Прилично големиот број поднесени пријави укажува на тоа дека потрошувачите (граѓаните) сѐ почесто го користат овој механизам за заштита на своите права и интереси во поглед на законито дејствување на надлежни институции. ДПИ треба да води сметка и да инвестира во редовна обука на вработените во делот на заштитата на правата на потрошувачите.

Кај бројот на поднесени пријави споредбено помеѓу 2019 и 2018, се забележува мал пад на поднесени пријави. Падот е особено видлив во однос на пријавите поврзани со угостителската и занаетчиската дејност. Во таа насока, потребни се дополнителни истражувања кои ќе утврдат дали причината за тоа е што потрошувачите немаат потреба да иницираат спор, или пак причината е тоа што потрошувачите немаат доверба во постапката за решавање на спорот.

Согласно член 37, правните и физичките лица, граѓаните и нивните здруженија можат да поднесат пријави до Инспекторатот во врска со повредата на прописите од негова надлежност. При тоа, се наведува дека пријави може да се поднесат во врска со инспекцискиот надзор извршен од страна на инспекторите. По извршениот инспекциски надзор и спроведената управна постапка, Инспекторатот ќе ги извести лицата за утврденото и преземените мерки во рок од 30 дена сметано од денот на поднесување на пријавата.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на веб-страницата www.dpi.gov.mk има линк којшто води до обрасци на пријавите коишто се на македонски јазик. https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosiso-javnost/prijava-od-gragjani/view/form 9. Согласно содржините објавени на вебстраницата на ДПИ, потрошувачот може да поднесе и електронска пријава

ДПИ не постапува по анонимни пријави, со исклучок кога се работи за повисок јавен интерес.

ДПИ реагира на незаконитост и неправилност во работењето на субјектите

Министерство за економија е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок. Министерот формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка за прекршоци од одделни области и за одделни подрачја во РСМ во согласност со надлежноста на апелационите судови определена со Законот за судовите.

Државниот пазарен инспекторат има овластувања, со кои влијаат врз отстранување на неправилностите, односно незаконитостите во работење на субјектите на надзор: – Ако при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот утврди недостатоци, е должен да му укаже на субјектот на надзор да ги отстрани во точно определен рок, освен ако поинаку не е утврдено со закон. – Во случаите кога постои сериозна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот е должен да издаде усна наредба за итно и моментално отстранување на утврдените недостатоци и истото да го забележи во записникот.  Ако во текот на надзорот инспекторот констатира дека субјектот на надзор пушта во промет производи без документи за набавка од добавувачот, тие стоки привремено ќе ги одземе.  Кога со закон е предвидена можност за одземање на производи и предмети со кои е сторено кривично дело или прекршок, инспекторот може привремено да ги одземе производите, односно предметите за што е должен да издаде потврда со точен опис и количина на одземените производи, односно предмети.  Во случаите кога е тоа предвидено со закон или друг пропис, инспекторот, односно директорот може да донесе решение со кое се забранува вршење на дејност и да преземе мерки за запечатување на простории, како последна мерка по утврдувањето дека нема други мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето од сериозен ризик.

Во случај кога е утврдено дека има основ за постоење на кривично дело, инспекторот е должен да поднесе пријава за покренување на кривична постапка.  Во случај кога е утврдено дека е сторен прекршок, инспекторот ќе му предложи на сторителот на прекршокот постапка на порамнување, а за одделни прекршоци определени со закон постапка на посредување пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка во рок определен со закон. – Ако инспекторот утврди дека постои основа за преземање на управни и други мерки, за чие преземање е надлежен друг орган, е должен без одлагање да го извести тој орган

Заклучоци

Не се води уредна и детална евиденција за постапување на пријавите од страна на потрошувачите. На пример, нема Извештај од мониторингот на државниот пазарен инспекторат 7 9 податоци за основот, како постапил инспекторатот, што констатирал, која мерка изрекол, кога го известил потрошувачот, односно во кој рок постапил по барањето, каков вид одлуки донел по пријавата (дали ја отфрлил, дали ја одбил како неоснована, дали ја препратил до надлежен орган или ја уважил и презел соодветни дејствија). Имено, ниту во Извештајот за годишно работење ниту во одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер не беа доставени податоци за структурата на одлуките (број на предмети одлучени целосно или делумно во корист на една или друга страна, број на предмети одбиени или отфрлени по било кој основ и слично) и покрај законската обврска согласно Законот за инспекциски надзор да водат статистичка евиденција за сите инспекциски постапки (првостепени и второстепени) и прекршочни постапки. Може да констатираме дека во ДПИ не се води уредна евиденција во однос на видот и структура на одлуките кои се носат, заклучокот кој што произлезе од фактот дека овие информации не беа доставени во систематизирана форма. Причините за немањето на увид во овие податоци според ДПИ се немање софтверско решение за водење на статистичка евиденција. ДПИ нема евиденција за исходот од нивните решенија. Односно по колку од решенијата е поднесена жалба, што се случило со решението на инспекторот откако е спроведена второстепена постапка, каков е исходот од судската постапка. Тоа подразбира дека ДПИ нема евиденција за ценење на ефективноста, односно извршноста на неговите одлуки. Нема евиденција за исходот од прекршочните постапки кои ги иницирал инспекторатот.

ДПИ нема евиденција за ефикасноста во однос на постапување по пријавите од страна на потрошувачите, односно дали по сите пријави е постапено, дали е постапено во законски утврдениот рок и дали до нив е поднесено жалба за молчење на администрација. Обрасците за поднесување на пријави/претставки се достапни само на македонски јазик.

Нема евиденција за бројот и видот на изречените мерки. Нема евиденција за предметот, односно основот по кој се поднесени пријавите од страна на потрошувачите. ДПИ нема изготвено интерни акти со кои се уредува постапката по однос на пријави/претставки од граѓани (потрошувачи). Во ДПИ нема посебна организациона единица за заштита на потрошувачите, а со тоа нема ни определено посебно лице за постапување по пријави од страна на потрошувачите. ДПИ нема изготвено и нема јавно достапно упатство или брошура со кои би им се олеснила постапката за правна заштита на граѓаните (потрошувачите).

Нарушувањето на квалитетот на храната не ги предизвикува граѓаните често да реагираат со претставки

Наспроти честите информации за труења со храна или друг вид на загрозување на човековото здравје поради неисправна храна, бројот на претставките во Ахенцијата за храна и ветеринарство не е соодвтетен на случувањата во пракса. Ова го покажува истражувањето на Иснтитуто за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ). Согласно Законот за безбедност на храната, надлежни органи покрај АХВ е Државниот инспекторат за земјоделство, и Фитосанитарната управа како органи во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во делот на законот за Информирање на јавноста во случај кога постои основана причина за сомнение дека храната или храната за животни може да претставуваат ризик по здравјето на луѓето или животните, Агенцијата, во зависност од природата, сериозноста и обемот на ризикот, не повредувајќи ги одредбите за слободен пристап до информации, мора да ги преземе соодветните чекори за информирање на јавноста за природата на ризикот по здравјето, утврдувајќи го максималниот обем на ризик од храна или храна за животни, или видот на храна или храна за животни, ризик кој може истите да го претставуваат и мерките кои се преземени или кои ќе се преземат за да се спречи, намали или отстрани ризикот. Од доставениот материјал од АХВ, може да се увиди дека АХВ има изработено образец за поднесување на претставка. Во образецот се бараат основните податоци за подносителот на претставката, податоците против кого е насочена претставката, како и опис на содржината на претставката. АХВ има подготвено и посебен акт со наслов „Процедура за постапување по претставки и предлози”, од април 2019 година. Овој акт, се применува при постапување по претставки и предлози од страна на сите организациони единици во кои се поднесуваат претставки и предлози од граѓани, а посебно во Инспекциските oдделенија во Секторот за инспекциски надзор, како и Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Податоците од мониторингот за безбедноста на храната се јавни, освен ако со закон поинаку не е определено. Во дел V од Законот за безбедност на храната се уредени официјалните контроли, како и начинот на организирање на официјални контроли. Согласно со членот 75, Агенцијата спроведува официјални контроли со соодветна зачестеност, врз основа на анализа на ризикот. Во одредбата се дадени и параметри кога ќе се смета дека постојат индиции за зголемен ризик, што би резултирало со спроведување на контрола.

Официјалните контроли се вршат без претходна најава, освен во случај кога е неопходно претходно известување на операторите со храна. Официјалните контроли можат да се вршат и без да бидат испланирани. Официјалните контроли се вршат во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храна. Тие вклучуваат контроли на бизниси со храна, на користење на храна, на складирање на храна, на секој процес, материјал, супстанција, активност, вклучувајќи го и транспортот на храна и на живи животни. Согласно со членот 82 од Законот за безбедност на храната, Агенцијата треба да обезбеди сите лица кои вршат официјални контроли, да стекнат соодветни обуки и квалификации.

Законот за безбедност на храната се предвидува формирање на мрежа за собирање на податоци и бази на податоци. Согласно со став (1) на членот 120-а, Агенцијата воспоставува мрежа на институции/организации како дел од системот за собирање, подредување и анализа на научни и технички податоци во однос на: а) консумирање на храна и изложување на поединци на ризици од консумирањето на храна, б) инциденца и преваленца на биолошки ризици, в) контаминенти на храна и храна за животни, г) резидуи од ветеринарно-медицински препарати и д) резидуи од пестициди. Согласно со членот 120-д се формира Национална платформа за експерти. Имено, и во постапките на процена на ризик Агенцијата може да користи стручна помош од експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарно и фитосанитарна политика.

Вкупно поднесени претставки во Агенцијата за храна и ветеринарство во 2018 година се 360, додека во 2019 година 424 претставки.

За 2018 година од вкупно поднесени 360 претставки, 194 се основани, 166 се неосновани, а 8 претставки се отфрлени за постапување. Додека во 2019 година од вкупно поднесени 424 претставки, 94 се препратени за постапување во надлежност на други институции, додека 189 се основани, 141 се неосновани и 3 отфрлени за понатамошно постапување.

На веб-страницата на АХВ не се достапни упатства во електронска форма со насоки за граѓаните за начинот на пополнување на пријава за незаконско постапување, од причина што истата може да се пополни по електронски пат во електронска форма на веб-станицата на АХВ во делот ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ

На веб-страницата на АХВ може да се пополни образец за пријава/претставка по електронски пат во електронска форма, во делот ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТ додека во хартиена форма, обрасци се пополнуваат со слободен текст на пријавителот и се прифаќаат во секаква форма.

Пријавите и претставките во Агенцијата за храна и Извештај за мониторингот на агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) 5 7 во електронска форма преку електронски образец на интернет страницата на Агенцијата? ветеринарство може да се поднесуваат и во електронска форма

Заклучоци

Потребно е да се создадат механизми за забрзување на времето за постапување по пријави и претставки на потрошувачи по било кој основ и врз основа на било кој закон. Отсуствуваат прецизни и детални упатства и водичи кои потрошувачите ќе ги запознаат со текот на постапката за остварување на нивните права, како и со начинот на подготовка на пријава, нејзината содржина и елементи, како и за инструкции за доказите кои треба да бидат обезбедени. Не постои можност подносител на пријава/претставка по електронски пат да ги следи фазите во одлучување по неговата пријава/претставка. Обрасците за поднесување на пријави/претставки се достапни само на македонски јазик; Само едно од лицата кои постапуваат по претставки/пријави е со завршен правен факултет.

Монторинг извештајот е изработен од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје во рамки на проект подржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Монтироинг извештајот е изработен од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје .