Исто како луѓето, и животните имаат чувства. Животните знаат што претставува љубовта, па тие многу добро може да почувствуваат кога некој ги сака и се грижи за нив, а при тоа и самите ја возвраќаат љубовта. Токму ваков е и случајот со питбулот Рас, кој бил вдомен по престојот во еден шелтер центар. Тој и девојката по име Кајла која сега е негова сопственичка, се запознале во еден локален центар за бездомни животни, каде Кајла всушност волонтирала за време на студиите.
Фото: Facebook/Kayla Filoon
Кучето кое тогаш се’ уште било бебе се соочувало со бројни здравствени проблеми. Имено, Рас имал кашлица, инфекција на очите, проблеми со кожата, но и крварење. И покрај ова, Кајла сакала да ја преземе грижата за него. Всушност, тоа уште повеќе направило таа да сака да му помогне. Таа забележала дека кучето е исплашено и тивко, па одлучила дека мора да стане дел од нејзиното семејство.
Фото: Facebook/Kayla Filoon
Од денот на вдомувањето, тие создале неверојатна врска.
Кајла го вдомила слаткото куче, кое сега не сака да се дели од нејзината прегратка.
Извор: www.iheartintelligence.com