Актерот од ансамблот на Тетар Комедија, Жарко Димоски во овој период додека неговата матична театарска куќа не работи поради корона кризата, во изјава вели дека слободното време го искористил за да се надгради себе си, вели дека целото слободно време го посветува на самиот себе.
„Не сум симнат од планина, конкретно од Водно. Одам и на други планини, но на Водно одам и по два пати дневно. Завршив курс за фитнес инструктор и нутрициониста, завршив курс за магија „magicians and mentalists“, издадов песна, се подготувам да издадам и своја авторска периодов. Ми беше многу убаво периодов, си посветив време на самиот себе и на тие што ги сакам најмногу околу мене“, вели Димоски во краткото видео објавено од Театарот Комедија.
Актерот препознатлив и по тоа што често во јавноста знае добор гласовно да го одглуми покојниот пејач на народна музика Гоце Аранудов.
Жарко Димоски мината година во ноември ја побара за жена својата животна избраничка Андреа Јосифова. Тој на романтичен начин преку љубовни стихови посветени токму на Андреа, откри дека таа е љубовта на неговиот живот.