Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 37 степени. УВ=9. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
И утре ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот.


