Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/20 7:57 PM

Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови

Црногорските пратеници со еден глас повеќе од потребното, денеска во собранието го изгласаа законот за животно партнерство на лица од ист пол.

Црногорските активисти и невладини огранизации го оценија законот како историски чекор во борбата за човекови права на ЛГБТ популацијата во Црна Гора.

Претседателот Ѓукановиќ, на својот твитер профил напиша дека „со усвојувањето на законот на истополови партнерства, Црна Гора за првпат ги регулира законските права на истополовите парови“.

Од Црногорската влада велат дека ЛГБТ лицата ќе ги уживаат истите права како и хетеросексуалните парови, меѓу кои и правата на социјална и здравствена заштита.

– Овој закон се однесува пред се на заедничкиот живот на лица од ист пол и на сите права и обврски кои произлегуваат од тоа, изјави претставничката на Министерството за човекови права и права на заедниците, Бланка -Радошевиќ Маровиќ.

Сепак во законот се’ уште не се спомнува можност истополовите партнери да станат родители, да бидат старатели или да посвојат деца.