Наскоро ќе се започне со реконструкција на стариот пат Тетово – Скопје на потег од Желино до месноста Карпалак. Директорот на Јавното претпријатите за државни патишта Зоран Китанов при денешната посета на Општина Желино, најави дека ќе се започне и со проширување на регионалниот пат Желино – Јегуновце.
Речиси сите административни процедури се завршени како и проектната документација. Избран е изведувачот на градежните работи кои требаше да започнат порано но коронавирусот ги одложи работите.
Китанов изјави дека се работи и на решавање на најгорливиот проблем на Тетово а тоа е изградба на обиколница од автопатот пред влезот на Тетово се до Теарце. На тој начин возилата кои се обраќаат во правец кон Јажинце немаат потреба да влегуваат во град и да создаваат гужви.