Германија денеска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со ЕУ по 13-ти пат, а за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата на коронавирусот, како и економското и социјалното закрепнување на Европа. Германија го презема раководењето на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат беше, исто така, во голема мерка обележан со пандемијата.
Канцеларката Меркел и нејзиниот кабинет истакнуваат дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата, дигитализацијата и одредувањето на европскиот буџет. Франција и Германија во мај предложија план од 500 милијарди евра за да и се помогне на Европа да излезе од големите економски штети од коронавирусот.