Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура до 38 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре и в петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот, кога и температурите ќе опаднат за три-четири степени во однос на денешната.