Сандалите направени од коноп не се новост но, ова лето се кандидат за најпопуларни.
Овие оригинални сандали ги нудат и дизајнерите на високата мода, но и останатите кои креираат подостапни парчиња.
Сандалите од коноп не се никаква новост на пазарот. Нив ги носеле и старите Римјани и Грци, а колку се сакани докажува фактот дека секогаш имаат свое место во летната гардероба, а оваа година се застапени повеќе од било кога.
Ваквите модели лесно се вклопуваат во различни стилови на облека, одлично може да се комбинираат со фустани, сукни, шорцеви, а она што е најважно – рамни се и удобни.