Добитникот на Греми наградите и Оскар, Џони Мендел кој ја компонираше тематската песна за серијата “M * A * S * H” , почина на 94 годишна возраст.
Веста на социјалните мрежи ја потврди неговиот колега Мајкл Финштајн
„ Драг пријател и извонреден аранжер, композитор и светски талент. Џони Мендел само што почина“ , напиша Финштајн.
„Светот никогаш нема да биде ист без неговиот хумор, духовитост и поглед на животот и човечката состојба. Беше навистина многу напред пред времето и никој не може да напише или искомпонира онака како што го правеше тој тоа “ , стои во објавата.
Неговата кариера започна кога соработуваше со Бади Ричи и Каутни Басиј, пред да стане големо име во светот на компонирањето и аранжирањето.
Тој ја компонираше песната „Emily” за филмот со Џули Ендруз “ The Americanization of Emily “ во 1964 пред да ја искомпонира тематската песна за серијата “M * A * S * H” во 1970 година.
За време на својата долга кариера, Џони работеше и со Френк Синатра, Барбара Стрејзенд, Тони Бенет и Мајкл Џексон.