Граѓаните ја исвиркаа а лекарите и завртеа грб на Брнабиќ во Нови Пазар – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 4:36 PM

Граѓаните ја исвиркаа а лекарите и завртеа грб на Брнабиќ во Нови Пазар

Лекарите и медицинскиот персонал од Нови Пазар ја пречекаа Брнабиќ завртени со грб, а потоа за време на нејзиното обраќање довикуваа во знак на незадоволство од условите на работа и недостатокот на опрема во болницата.

Освен од лекарите Брнабиќ доби „пречек“ и беше исвиркана и од голема група на граѓани кои се собраа пред болницата. Тие за медиумите изјавија дека се огорчени што државата не им помага и тврдеа дека реалните бројки на заболени и починати се многу поголеми отколку што се претставуваат а според нив тоа е резултат на изборите кои морале да поминат.

Брнабиќ пак на ова возврати дека „ги знае сите тие луѓе и дека се политички активисти“ и потенцираше дека од нив не се плаши.

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 276 новозаразени, а три лица починале.