Брнабиќ: Бугарија не’ блокира и бара малцинство во Србија, а тие не признаваат малцинства – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 11:00 AM

Брнабиќ: Бугарија не’ блокира и бара малцинство во Србија, а тие не признаваат малцинства

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека и Бугарија е една од земјите која била против Србија да отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ. Србија веќе една година е блокирана во преговорите со ЕУ, а сега се појавил и проблем со Бугарија.

Како што изјавила Брнабиќ за „Пинк“, Бугарија барала од Србија да признае постоење на бугарско малцинство во околината на Димитровград, иако и самата не признава национални малцинства на своја територија.

„Тоа е неверојатно. Бугарија отвора прашање за положба на малцинство, а кај нив не постојат институции што се занимаваат со проблеми на националните малцинства“, рече Брнабиќ.