На петгодишната соработка помеѓу италијанскиот „ас“ и тимот на Фенербахче му дојде крајот.
Поранешниот турски и европски шампион е уште еден од низата кошаркарски екипи во Европа кој е погоден од пандемијата на коронавируот и поради тоа, летово целосно го реконструира тимот во обид да се справи со кризата, но во исто време да остане конкурентен на европската кошаркарска мапа.
Турците се разделија претходно и со трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ, а се очекува дека и Костас Слукас и Лео Вестерман ќе го напуштат тимот од „Босфорот“.
Датоме на својот „Инстаграм“ профил јавно се заблагодари на Фенербахче, велејќи дека дал многу за тој дрес, но добил уште повеќе од него.
Според италијанските медиуми, Датоме повторно ќе се врати во Италија, овојпат во дресот на Олимпија Милано.