Жител на Москва објави на сајтот „Авито оглас“ дека продава комплетно реставриран тенк „Т-34-85“.
Како што се наведува, се работи за оригинален тенк од 1945 година што може да се користи. Ја поминал целата реставрација и демилитаризација, а цената на оклопното возило не е наведена.
„Т-34-85“ е модификација на легендариот тенк Т-34 кој советската војска почна да го користи во 1944 годима.
Паралелно со тенкот, човекот од Москва продава и ракетен фрлач „каќуша“, пренесува „Спутник“.