Крај на 40-годиншна истрага: Екс-калифорниски полицаец призна 13 убиства, 50 силувања… – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/20 9:17 AM

Крај на 40-годиншна истрага: Екс-калифорниски полицаец призна 13 убиства, 50 силувања…

Некогашен полицаец, кој се претворил во насилен сериски убиец и силувач, познат како Голден Стејт убиецот, вчера признал 13 убиства, педесетина силувања и повеќе упади во домови во период од 11 години во 70-тите и 80-тите години од минатиот век во Калифорнија, САД.

Џозеф Џејмс де Ангело ја призна вината во рамките на поширокиот договор со обвинителите за да се заштити од смртна казна, во замена за признавање на сите дела кои ги сторил во 11 калифорниски окрузи.

Според договорот, кој вчера беше презентиран пред судот, Де Ангело се соочува со доживотна затворска казна, без можност да биде помилуван.

Обвинителите изјавија дека со овој договор сакале многу преживеани, но и семејства на жртвите, сведоци и истражители да ја видат разрешницата на случајот, а и да се избегнат понатамошни постапки кои би траеле со години.

Де Ангело во инвалидска количка беше присутен на рочиштето. Со тивок глас кажа дека е виновен кога судијата побара да ги признае 13-те тешки убиства и киднапирања.

„Признавам“, рече, додека обвинителите изнесуваа детали за секое убиство, сексуален напад и упад во домови.

Освен што убил 13 лица, обвинителите открија оти извршил речиси 50 силувања и повеќе од 120 пати провалил во нечиј дом. Низата на злосторства која траела од 1975 до 1986 година ја започнал работејќи како полицаец во два калифорниски града. Неговото апсење во 2018 година стави крај на 40-годишната истрага..