Среде корона купи „порше панамера“ од 150.000 евра- Саша Ковачевиќ не кука, секогаш се части со скапи работи – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 7:32 PM

Среде корона купи „порше панамера“ од 150.000 евра- Саша Ковачевиќ не кука, секогаш се части со скапи работи

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ има чувство за бизнис, а неговите настапи се добро посетени, така што немаше зима за него ниту во последните месеци, кога сите пејачи кукаат поради пандемијата. За еден настап Саша наплатува повеќе од десет илјади евра, а кога ќе земете предвид дека другите бизниси, угостителството и неговото музичко студио, му донесуваат дополнителен прилив на пари, не е изненадувачки што тој често  се части со ексклузивни и скапи работи.

Така беше и овој пат. Поп-пејачот купи автомобил, а станува збор за „порше панамера“, чија вредност е најмалку 150.000 евра, а ако е специјално издание, може да чини и до 200.000!

Се разбира, овој автомобил има најдобри перформанси, кожни седишта. Вратите одвнатре, како и седиштата, се тапацирани во црвена кожа, а прозорците се полу-затемнети.

https://www.instagram.com/p/BoopiE-HVp7/?utm_source=ig_embed

Извор:espreso.rs