Штип: Одбележана 107-годишнината од Брегалничката битка – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 12:51 PM

Штип: Одбележана 107-годишнината од Брегалничката битка

Во Штип, кај месноста Каленица, денеска се одбележа 107-годишнината од Брегалничката битка. На одбележувањето присуствуваа амбасадорката на Србија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

„Денес светот е во една поразлична борба, исправени сме пред голем здравствен предизвик кој е тест на нашето однесување. Оваа пандемија или вирус не бираат вери, нација или религија, па затоа нашата сплотеност е клучот за победа. Овие битки во кои многу наши сограѓани го изгубиле животот за слободата, треба да не учат за да не се повторуваат“, истакна  Бочварски.

Амбасадорката Дивјак-Томиќ, која по 11 години на позицијата амбасадор во нашата држава заминува во пензија, искажа огромна благодарност за  соработката и добриот прием.

„Ќе продолжиме да соработуваме и да градиме добрососедски односи и заеднички да чекориме кон подобра иднина“, рече амбасадорката

.Брегалничката  битка, една од најтешките в Втората балканска војна, која  се случила во 1913 година, се водела главно меѓу српски и бугарски војници, но загинале и многу Македонци.