Неславни рекорди во Хрватска: Хвар во моментот има само 66 странски туристи, лани во ова време биле 4.600 – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 11:07 AM

Неславни рекорди во Хрватска: Хвар во моментот има само 66 странски туристи, лани во ова време биле 4.600

Колку коронавирусот му наштети на хрватскиот туризам најдобро покажува примерот со островот Хвар и со градот Хвар, пишува „Слободна Далмација“.

„Бројките се катастрофални. Никогаш во историјата на хрватскиот туризам градот Хвар немал ни приближно толку лоши резултати во овој период од годината. Сега во Хвар се одмораат со бројки и букви само 66 (шеесет и шест) странски туристи, а лани во овој период беа 4.588. Од тие 66 туристи, кои, сепак, дојдоа, најмногу се Словенци, Австријци, Германци и Чеси, Во градот се отворени само 20 до 30 отсто од сите угостителски објекти, а од 14 хотели отворени се само три“, вели Тео Јеличиќ, потпретседател на Градскиот совет на Хвар.