Инвентивни Срби: Каубојски град на Златибор, за еден месец го посетиле 30.000 туристи – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/20 8:27 AM

Инвентивни Срби: Каубојски град на Златибор, за еден месец го посетиле 30.000 туристи

Веројатно најсигурното место за летување во Србија, во услови на повторно ширење на коронавирусот, е Златибор. На планината во моментот има околу 10.000 гости, а еден од најпосетените објекти е комплексот „Ел Пасо Сити“, попознат како каубојски град. Само еден месец по отворањето, каубојскиот град го посетиле дури 30.000 туристи, објавуваат српски медиуми.

„Овде луѓето навистина се чувствуваат како во вистински вестерн филм. Најинтересен е каубојскиот дел, во кој туристите можат да се испробааат во интересни игри, но не помалку занимливо е и индијанското село со шатори. Посетителите навистина се одушевени. Наскоро очекуваме и пополнување на сместувачките капацитети. Туристите ќе имаат на располагање златиборски колиби, индијански шатори и каубојски каравани“, вели Радмила Станков – Милиќ.