Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Maксималната температура се очекува да достигне до 38 степени. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре и задутре времето исто така ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, а на југоистокот до 39 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за два-три степени.