Кој не сака ќофтиња? Малку е веројатно дека многумина од нас би кренале рака на такво прашање. Во следните редови, сепак, ќе го скршиме малку традиционалниот рецепт за нив, но резултатот ќе ги надмине дури и вашите најлуди очекувања.
Читателка вели дека свекрвата и ја открила својата тајна на вкусни ќофтиња. Сите дома ги обожавале и сите што пробале бараат рецепт. Еве како се готви ова сочно искушение.
Ајде да готвиме:
Земете една тиквичка и изрендајте ја на поситно. Потоа додадете малку сол и оставете сокот да се исцеди. Потоа во нив додајте 4 лажици овесна каша. Добро измешајте ги и оставете ги да отстојат околу 15 минути, малку да набабрат. Излупете 5-6 чешни лук и изрендајте ги. На покрупно ренде изрендајте малку кромид. Додадете сол и бибер по вкус. Скршете едно јајце во смесата. Потоа додадете 2-3 лажици брашно. Наместо брашно, можете да ставите натопен леб или гриз. Потоа додадете 200-300 грама мелено месо. (За луѓето кои не се љубители на месото, рецептот може да заврши тука).
За оние кои додале мелено месо, измешате убаво за да добиете хомогена смеса, обликувајте ги ќофтињата и испржете ги во загреано масло се додека не добијат златно кафеава боја од двете страни.
Добар апетит!