Почнете го денот со чаша вода на празен стомак – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/20 7:30 AM

Почнете го денот со чаша вода на празен стомак

Пиењето вода на празен стомак има позитивен ефект врз телото. Ова го објаснија германските експерти. Се покажа дека започнувањето на денот со обична чиста вода е корисно за раст на мускулните клетки, елиминација на токсините од телото, како и за зголемување на метаболизмот, што станува скоро четвртина побрз.

Покрај тоа, водата на празен стомак ја стимулира циркулацијата на крвта и има позитивен ефект врз состојбата на кожата, спречувајќи го предвремено стареење.

Според научниците, пиењето вода на празен стомак е исто така неопходно за да се зголеми обемот и растењето на косата, да се намали ризикот од камен во бубрезите, да се спречи циститис, како и да се зајакне имунолошкиот систем и да се подобри лимфниот систем на организмот.

За да ги постигнете сите овие резултати, сепак, ви треба топла вода, бидејќи исто така ќе помогне да се ослободите од киселините и да ја намалите киселоста.