Едвај чекам да зјапаат во него- Поранешната порно актерка Миа Калифа го покажа новиот нос – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/20 9:00 PM

Едвај чекам да зјапаат во него- Поранешната порно актерка Миа Калифа го покажа новиот нос

Една од најпознатите поранешни порно актерки, Миа Калифа, објави фотографија на својот Инстаграм профил по пластична операција во носот. Отекувањето е сè уште многу видливо и Миа позира насмеано и со подигнат палец.

“Не можам да бидам посреќна и поподготвена, старите да зјапаат во мојот профил на свадбата. Ќе ве прошетам низ целиот процес. Ми се допаѓа тоа што во договор со хирургот не го сменивме во целост мојот средноисточен нос, туку само го направивме повеќе женствен”, напиша таа. под објавата.

Фотографијата доби над милион лајкови, а фановите напишаа во коментари дека не можат да дочекаат да видат како ќе изгледа носот на крајот.

https://www.instagram.com/p/CBxtEPtJmyL/?utm_source=ig_embed

„Честитки, ти се восхитувам“, „Не можам да дочекам да го видам конечниот резултат“, „Вие сте толку храбри, се прашувам како ќе изгледа на крајот“, се некои од коментарите.

Неодамна, Миа објави видео на „ТикТок“ во кое призна дека времето што го помина како дел од порно индустријата е трауматско искуство за неа.

„Жал ми е што стотици милиони луѓе создадоа слика за мене, заснована на најлошите и најтрауматичните три месеци од мојот живот, кога имав само 21 година“, напиша таа покрај видеото.

Таа сега се обидува да ги отстрани сите фотографии и видеа од тој период, а луѓето ширум светот ја охрабруваат со хаштагот „Правда за Миа“.

“‘Ја исмејувате поради нејзината стара кариера, но тоа не значи дека можете да ја дехуманизирате. Луѓето кои се најгласни во навреда се првите што ќе кликнат врз неа. Вие сте лицемерни”, „Миа Калифа е изманипулирана и присилена во порно индустријата и жали за секое видео што го снима. Таа со години зборуваше за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе во  порно индустријата. Треба да го запреме тоа “, напишаа фановите.