Огромен број угинати делфини на францускиот брег – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/20 7:13 AM

Огромен број угинати делфини на францускиот брег

Телата на мртвите делфини што се појавија на атлантскиот брег во Франција е толку голем што сме загрижени за целата локална популација на овие цицачи, велат француските морски биолози. Повеќето од делфините се задавиле во мрежите за риболов. Со аутопсиите се констатирани скршени перки и опашки и длабоки исеченици, најверојатно предизвикани од мрежите.

Обичните делфини се најтешко погодени. Научниците веруваат дека делфините што се наоѓаат на плажите се само мал дел од оние што угинуваат во мрежите за риболов крај францускиот брег. Тие проценуваат дека вистинскиот број на овие угинати морски животни е пет до десет пати поголем.