Македонскиот продуцент, композитор и пијанист Дуке Бојаџиев денеска на својата фејсбук страница објави видео во кое младата актерка Наташа Петровиќ, во негова придружба, ја интрепретира „Дали се сеќаваш“ – од Петре М. Андреевски.
Инаку на вчерашен ден (25 јуни) во Слоештица, Демирхисарско, е роден Петре М. Андреевски – еден од најголемите македонски книжевни генијалци.