Првиот професионален шпански кошаркарски 3×3 тим под палка на Марк Гасол – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 12:53 PM

Првиот професионален шпански кошаркарски 3×3 тим под палка на Марк Гасол

Тимот формиран во 2014 година, под директно покровителство на НБА ѕвездата Марк Гасол, Џирона, ќе биде првиот шпански кошаркарски клуб со професионален 3×3 состав, откриваат од ФИБА.

Овој спорт наидува на се поголема популарност помеѓу љубителите на кошарката, а ќе заземе место и на Олимписките игри во Токио 2021 година.

-Првенствено, како капитен на тимот би сакал да се заблагодарам на претседателот што ни ја даде оваа можност. Презадоволни сме што ќе бидеме дел од оваа приказна и овој момент го чекавме навистина долго. Луѓето може да ги гледаат натпреварите бесплатно. Навистина е атрактивно ја гледачите и ова е само почеток за нас, ќе одиме чекор по чекор. Нашата цел е да стигнеме до Светскиот Мастерс Тур. Некои тимови дури ме побараа и се распрашуваа за овој проект, а тоа претставува добар знак, изјави Начо Мартин.

Членовите на оваа екипа ќе ги сочинуваат Начо Мартин, Алекс Лорка, Чави Гуирао, Сехи Пино, Серхио де ла Фуенте и Хави Вега. Хауме Комас, селекторот на шпанската 3×3 репрезентација, ќе го води овој тим.

Гасол, кој претходно има играно во овој град помеѓу 2006 и 2008 година, во 2017 година го создава сениорскиот традиционален кошаркарски клуб кој во моментов се натпреварува во ЛЕБ Плата, третата дивизија во Шпанија.