Горан Иванишевиќ: За жал, позитивен сум на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/20 12:29 PM

Горан Иванишевиќ: За жал, позитивен сум на Ковид-19

Директорот на турнејата Адрија во Задар и тренерот на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, е позитивен за коронавирусот.

-Зажал, по два негативни теста во последните 10 дена, само што ги дознав резултатите од денешниот, трет тест и тој е позитивен на  „Ковид-19“. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите што биле во контакт со мене за фактот дека сум Ковид-позитивен и ги замолувам да ги преземат сите неопходни чекори за да се заштитат себе си и своите најблиски. Јас продолжувам со самоизолацијата што ја започнав порано. Им посакувам на сите заразени брзо закрепнување – напиша Горан Иванишевиќ на својот профил.

Извор: scena.hr