Од утре угостителските објекти ќе работат и во затворен простор но без настапи од музичари – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/20 6:44 PM

Од утре угостителските објекти ќе работат и во затворен простор но без настапи од музичари

Угостителските објекти од утре ќе може да работат и во затворените, внатрешни делови , но според новиот протокол за работа не смее да се одржуваат свадби и други прослави, а се забрануваат и музички настани и во внатрешните и во надворешните делови.

Со новиот правилник  вработените сеуште ќе  мора да носат заштитна маска и зачестено да одржуваат хигиена на рацете. Не е дозволено служење на гости на шанк. Столчињата треба да се на растојание од 1, 5 до два метри. На секоја маса мора да има средства за дезинфекција. На една маса може да седат најмногу две лица, а четворица само ако се од исто семејство. Тоалетите постојано треба да се дезинфицираат, а феновите за раце не смее да се користат.

Угостителите предходно  апелираа до Владата што е можно поскоро да се донесе правилник за прослави . Тие  повторно побараа од надлежните да се промени правилото со кое се предвидува на една маса да може да седат четири лица само ако се од исто семејство.

 

фото: МИА