Ова е тажно, па потажно не може да биде, види што направија од нас уметниците, вели кралот на ромската музика Ферус Мустафов, разочаран од одлуките на државата, според кои на музичките работници не им се дозволува да настапуваат. Ферус веќе четири месеци седи дома, сите настапи кои ги имал закажано, поради пандемијата се откажани, а сега не може да настапува ни во локали, бидејки иако се отворени, за музичарите се уште важи забраната.
-Многу сум разочаран ама многу. На што личи ова? Четири месеци немаме никаов настап, а нема на кој да се жалиме? Катастрофа. Јас четири месеци сум во Штип, не сум излегол од дома. Ме прашуваш носам ли маска. Што ако носам маска? Кај да ја носам? Па, кај да одам,кога не сум мрднал од дома. Абе не одам никаде. Нема настапи. Толку многу сум разочаран што речиси и сум пред крај на сигурна одлука да се иселам од државава. Најискрено, ќе ја напуштам државата ако продолжи вака. Ќе се преселам во Србија, барем таму колегите слободно си свират. Ќе се вработам во некоја телевизја, имам понуди за музички директор и таму ке си живеам и работам. Не знам зошто не дозволуваат да свириме? Не е убаво да одобрат да работат угостителските објекти а музиката не. Па не сме ние 10 души музичари па лесно да е, не има многу што живееме само од музика и за нас е ова погубно. Светот сум го прошетал со концерти и турнеи. Сум настапувал на многу светски фестивали и со гордост сум ја претставувал државата. А гледај сега таа како враќа, вели разочарано Ферус.
Весна Миленковска