Aпелација ја укина ослободителната пресуда за „Тревник“ против Латас и неговите браќа – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/20 12:35 PM

Aпелација ја укина ослободителната пресуда за „Тревник“ против Латас и неговите браќа

Апелацискиот суд Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник” против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

-Пресудата е укината поради суштинска повреда на постапката, потврдија за МИА од скопска Апелација

Предметот „Тревник”  е вратен на повторно судење во Основен кривичен суд Скопје.

Ослободителната пресуда Кривичниот суд ја објави во јули минатата година. СЈО ги гонеше обвинетите за кривичното дело бесправно градење.  Според судот, обвинетите започнале со градба на спорните објекти, но подоцна побарале дозволи, па нивните куќи биле легализирани според законската процедура за легализација на бесправно изградени објекти.За судот, исто така, од суштествено значење е што претходно никоја од институциите не утврдила дека се работи за дивоградби.