Родилката М.П од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa.
Како што дознава МКД.мк од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.
Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.