Досега невидени фотографии од ќерките на рускиот претседател Владимир Путин кружат на интернет, а потекнуваат од приватната колекција на некогаш близок пријател на семејството на Путин.
На фотографиите се гледаат и двете ќерки на Путин, Марија и Катерина, во своите тинејџерски години. Фотографиите се направени пред 20 години, во времето кога Путин ја презеде власта.
Сликите ги објави Сергеј Пукачев, поранешен пријател на Путин. Пукачев ја тужеше Русија во спор вреден речии 12 милиони долари. Го загуби на суд во Париз оваа недела, а набрзо потоа ги објави фотографиите.
Владимир Путин секогаш ги чувал своите ќерки надвор од очите на јавноста и скоро никогаш не зборува јавно за нив. На фотографиите и двете се во Кремљ, но и во куќата на Пукачев и често во друштво со неговите синуви Александар и Виктор,. Људмила, која се разведе од Путин во 2014 година, исто ја има на дел од фотографиите.