Кабинетот на претседателот на Косово, Хашим Тачи, по објавувањето на веста дека Специјалниот суд за Косово покрена обвинение против него за воени злосторства, потврди дека го откажува учеството на средбата со српските челници што треба да се одржи во сабота на 27 јуни, во Белата куќа во Вашингтон, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од кабинетот на Тачи ја потврдија информацијата, а Тачи заедно со Авдулах Хоти, премиерот на Косово, требаше да учествува на средба во Белата куќа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Претходно и Ричард Гренел, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот помеѓу Приштина и Белград, преку својот Твитер профил објави дека ја разбира одлуката на Тачи, но дека средбата на челниците на Ксово и Србија за продолжување на дијалогот, сепак ќе се одржи и Косово на неа ќе го претставвуа премиерот Хоти.