Најпопуларните женски вокали во светот во 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 3:00 PM

Најпопуларните женски вокали во светот во 2020

Можете ли да го замислите животот без музика? Секако дека не! Музиката е насекаде ! На пример, чекате ред на каса , музиката е тука да ви го отргне вашето внимание додека чекате во долгата редица. Дури и најважните животни моменти во вашиот живот се обележани со музика: роденден, дипломирање или вашата свадба. Најголемиот виновник за тоа- најпознатите изведувачи кои ја креираат музиката, благодарение на нив ја имаме најпопуларната музика насекаде низ светот. Тешко е да се одбере кој е најдобар, но според истражувања по гласови од публика, странските медиуми  направија листа од најпопуларните женски вокали во 2020:

  1. Дуа Липа

Оваа девојка го владее светот! Со нејзиниот уникатен вокал и изглед, Дуа украде многу срца насекаде низ светот.

Таа изненади со најновиот албум – Future Nostalgia !

Албумот е сега број еден во 2020, според агрегатот за прегледи на сајтот “ Metacritic”

  1. Ријана

Атрактивна, талентирана, единствена, артист кој блеска низ годините со многу многу хитови. Робин Ријана Фенти, пејачката од Барбадос, актерка и бизнис-жена е пејач на годината.

Имаше најава  дека таа реализира нов реге албум во 2020, за жал сеуште албумот не успеа да се сними.

Најновото нешто од Ријана е новата песна „ Believe it”

 

  1. Бијонсе

Светската поп икона за која и не треба многу вовед, една од најпродаваните поп изведувачи во историјата. После 22 Греми награди, таа е прогласена за најноминираната жена во историјата на Наградите.

Минатата година таа ги направи среќни фановите со новиот филм “Homecoming”.

  1. Аријана Гранде

Најновите вести за Аријана е соработката со Лејди Гага која резултираше со песната “Rain on me” која ја промовираа на No. 1 на топ 100

 

  1. Тејлор Свифт

Не само што важи за икона во поп правецот во музичката индустрија. Ги освојува фановите со нејзината харизма и талент, и  забележана низ многу музика и шоуа низ годината.

  1. Били Ајлиш

Били Ајлиш е девојката која ја смена играта. Создаде име и репутација во многу кратко време, Били е позната по нејзината енергичност и уникатен стил, како и по музичкиот стил.

Нејзините песни и видеа се лесни за да „влезат“ во памет. Таа стана вториот артист што стигна до Топ Греми категориите, таа е без сомнеж една од најпознатите и највлијателните артисти во светот.

Таа истакна дека работи на нови музички изданија дури и за време на карантинот заедно со нејзиниот брат.