Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на автобуското стојалиште во селото Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир.
Физичка пресметка настанала помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети. Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.