Журка со Тамара на дистанца – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 1:34 PM

Журка со Тамара на дистанца

После неколкумесечна пауза заради корона кризата полека почнува да се враќа животот и забавите. Прва на списокот, која ќе го скрши мразот на живите свирки е Тамара, која во петок на сцена ќе ги отпее своите најголеми хитови.  Журката со Тамара е закажана на со почеток во 20 часот. Бројот на влезници е ограничен, затоа што од музичкиот бар „Интермецо“  велат дека со ова ќе стартува кампањата под мотото- петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена.  Велат и дека журката ќе биде според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.

– Да се биде општествено одговорна компанија со себе носи огромна одговорност на која постојано треба да се работи.  Нашиот локал во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките на МЗ, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото – Сплотени можеме повеќе!“, велат од единствениот музички бар во земјава.

Списокот на уметници кои ќе бидат дел од најавената петочна дружба е долг, а честа да го отвори серијалот ѝ припадна на Тамара.