Кинеската компанија „Зиѓин“, најголем производител на бакар и злато во Србија, неочекувано ќе биде и директно во служба на граѓаните – ќе им ја пере облеката.
Кинеските рудари во српскиот рударски град Бор отворија посебен бизнис – пералница за услужно перење на облека и хемиско чистење. Услугите ќе се извршуваат за вработени во „Зиѓин“, во други фирми во Бор, како и за сите заинтересирани граѓани.
„Тоа е најмодерна дигитализирана и еколошка пералница каква што во овој момент му недостасува на градот“, велат од „Зиѓин“.
Кинеската компанија кон крајот на 2018 година стана доминантен сопственик на Рударско-топилничкиот басен (РТБ) Бор, со удел од 63 отсто, а остатокот го поседува државата Србија, пишуваат српски медиуми.