Здружението на приватни лекари не прифаќа дополнителни трошоци за електронски и временски печат – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 10:44 AM

Здружението на приватни лекари не прифаќа дополнителни трошоци за електронски и временски печат

Здружението на приватни лекари реагира до Фондот за здравствено осигурување поради тоа што матичните доктри кои ги застапува не прифаќаат дополнителни трошоци за електронски и временски печат, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Здружението, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Потенцира дека тоа е дополнителен трошок за целокупното примарно здравство.

-Тоа значи дека ако докторите кои работат цело време, земат одмор или боледување, ќе немаат учинок, а со тоа ќе земат и помали финансиски средства. Таквиот вид реформи ниту сме ги преговарале, ниту сме ги прифатиле како Здружение на состаноците организирани од Светската здраствена организација, реагира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека Зружението поднело иницијатива до Уставниот суд да се преиспита уставноста на одредбата, каде ќе има награди само за докторите од јавното здравство, а матичните доктори кои се на првата борбена линија со Ковид-19 да бидат изоставени. Додаде дека награди треба да има подеднакво за сите доктори и од јавното и од примарното здравство во земјава.